Нема нови рестриктивни мерки, земјава нема да затвора граници за заштита од омикрон

Од:

Нема нови рестриктивни анти-ковид мерки, ќе се фокусираме на вакцинацијата вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека епидемиолошката состојба со коронавирусот е стабилна, двонеделната инциденца се намалува за некаде околу 14 проценти и во болниците се чувствува помал притисок.

На состанокот на Комисијата за спречување на заразни болести се разговарало и за новиот сој на коронавириост, омикрон, но во земјава засега остануваат досегашните мерки, вели министерот.

„Сметам дека некаква рестрикција во однос на затворање на граници, во однос на карантин за патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што очигледно е дека е детектиран и во некои европски земји и до сега видовме дека кога ќе се појави нов сој едноставно не може да се спречи да остане ограничен во една територија“, рече Филипче.

На утрешната владина седница ќе се разгледува предлогот за стимулација на матичните лекари по вакциниран пациент.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска