Нема леб, ама е прилика за сликање и реклама – премиерот јадеше тост, грав во менза, сега купува леб

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски не испушта прилика за себепромоција со цела продукција зад себе, во која на граѓаните им се прикажува како обичен човек, односно еднаков на сите.

Откако се сликаше како јаде тост, риба во работничка менза, гравче во студентски дом и сендвич во киоск, сега на неговиот Фејсбук профил осамнаа фотографии како утрово заминал да пазари леб во маркетите, секако пропратен и со камери и фотоапарати, платени од јавни пари.

Ова саморекламирање доаѓа по кризата за леб со која граѓаните се соочуваат деновиве.  Бел леб нема во маркетите откако владата ги замрзна цените, а пекарите возвратија со бојкот.

Премиерот во последниот период има навика честопати на Фејсбук да објавува ПР постови за своите „ редовни активности“. Минатата година објави како во РЕК јаде сендвич со мортадела, на Широк Сокак се почести со тост, а по ќебапчиња беше во Гостивар.

Најмногу прашина крена видеото кое го објави дека јаде во студентската менза. И тоа во период кога студентите излегоа на протест кога поради законски вакум не добија пари за студентски оброк, а имаше и обид со новите законски измени ова право да им биде скратено на повеќе студенти.

Тогаш премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека во мензата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, заедно со студентите ручал риба и грав, и порача дека студентите се иднината на државата и нема да бидат оставени сами.

Го гледавме и по слави.

„Големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип. Задоволство е да се биде со ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце љубов полно за сите. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец”, напиша Ковачевски на Твитер.

Ваквиот ПР на премиерот предизвика лавина реакции, ова е една од нив.

„Каков е овој ПР од минатиот век, па уште која хипокризија е кога работникот е распаднат и мизерен, студентите живеат во беда и негрижа, малите бизниси едвај преживуваат, а граѓаните не врзуваат крај со крај“ напиша Ивор Мицковски на својот фејсбук профил

Експремиерот Никола Груевски, го применуваше овој ПР метод за поголем рејтинг, па се сликаше додека вози велосипед по кеј, одеше во фабрики со кациги, болници, вршеше инспекции на автопати, јадеше бурек во Житолукс. По него со исто темпо продолжи Зоран Заев, а сега истото го применува и Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Ковачевски: Мицкоски мисли на мораториум за членство во ЕУ

Мицкоски: Да беше тендер за ДУИ и Артан, Ковачевски веднаш ќе го сфатеше значењето на националното единство

Катерина Ѓуровски