Нема дозвола за Стојанче Ангелов да присуствува на расправата за бранителите во Собрание

Од:

А1 дознава дека на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов не му е дозволено утре да присуствува и да учествува на Комисијата за труд и социјална политика која како матично собраниско тело треба да расправа за Законот за бранителите и нивните семејства.

Комисијата пред да го изгради мислењето се обратила до стручните служби во Собранието за мислење и според нив, досега немало случај ниту е дозволено вонпарланментарна партија како што е Достоинство да учествува во комисиска расправа.

Седницата е закажана за утре во 10 часот и спроред информациите на А1, ДУИ ќе дојде на седницата и ќе го брани ставот зашто закон за ваква форма не е добар за Република Македонија. ДУИ најавуваат дека ја разгледуваат можноста во втората фаза да поднесат илјадници аманадмани што автоматски би значело блокирање на работата на законодавниот дом. Од партијата на Ахмети бараат, или да се повлече законот за бранители или во него да се додадат и припадниците на ОНА.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги