Нема договор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија за Охридската Архиепископија

Од:

Дводневниот состанок на мешовитата комисија за историски прашања во Скопје заврши вечерва без договор.

Единствената тема на која членовите на комисијата се осврнале вчера и денес е како да биде претставена Охридската Архиепископија во македонските учебници по историја.

Копретседателите на Комисијата од македонска и бугарска страна, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров кажаа дека биле блиску до договор, но на крајот не успеале да се усогласат.

Ѓоргиев во изјава за медиумите по состанокот рече дека не можат да ги надминат недоразбирањата поради различниот пристап на толкувањето на средновековната историја. Објасни дека бугарските историчари сакаат да се промени начинот на кој Охридската Архиепископија е претставувана во нашите учебници.

„Тука станува збор за препораки за учебници со кои треба да се надминат одредени недразбирања за да се подобрат учебници во двете држави, а не да се постигне некаква согласност меѓу историографиите во Македонија и Бугарија. Тука некаде настанува конфликтот околу кој не можеме да се разбереме и да го надминеме тоа“, изјави Ѓоргиев оценувајќи дека дводневната средба била напорна и тешка, но атмосферата била конструктивна.

Бугарскиот копретседавач, Ангел Димитров рече дека биле блиску до решение, но ќе направат сè што е можно да има добри резултати на наредната средба.

„Во науката и историјата не може да има две гледни точки кои се точни, едната е точна другата не е. Која е точна се определува од фактите и историските извори, како и доминантната позиција во светската наука што го разгледува тоа“, рече Димитров.

Следниот состанок на членовите на мешовитата комисија ќе се случува в година.

Би можело да ве интересира

Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение

Горан Наумовски

Бугарскиот историчар Гоцев: Скопските Македонци се исплашија дека Европа ќе ја препознае бугарштината во Македонија

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов