Нема да биде свикано Собранието, нов пратенички состав по изборите

Од:

Нема услови повторно да се свика Собранието, а нов пратенички состав ќе има по одржување на парламентарните избори. Уставниот суд вчера на работен состанок ја одби иницијативата на судијата Осман Кадриу, повторно да се оценува уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

-Не постојат услови за прифаќање на иницијативата на судијата д-р Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 43/2020), едногласно одлучија судиите на Уставниот суд на работниот состанок.

Ова е од причина, како што велат од Уставниот суд, што во случајот станува збор за пресудена работа што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Притоа, како што посочуваат од Судот, тогаш во расправата биле земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата.

Уставниот суд нема да ја оценува ниту уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во државата која беше донесена на 18 март.

Уставните судии оценија дека иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на одлуката е беспредметна затоа што таа веќе не е во сила, а вонредната состојба на која се однсуваше е завршена.

Претседателот Пендаровски на 16 април донесе нова одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена. И за оваа одлука е поднесена иницијатива за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители