Манчев: Неуките експерти на СДСМ тотално промашуваат

Од:

Митко Андреевски е човекот чие врвно достигнување во професионалната кариера е по налог на неговиот претпоставен да врти од службениот телефон и да го фалсификува и манипулира мислењето на граѓаните, како што тоа го правеше во емисијата Чуму. Еве вакви ликови СДСМ ни ги продава како енергетски експерти. Митко Андреевски најдобро го отсликува менталитетот на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ. Непрофесионалност, алчност за личен профит, демагогија и манипулација на граѓаните, рече на прес конференција Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го обвини Митко Андреевски дека има фирма со еден вработен која нема имот или средства за работа, но редовно добивал тендери за снабдување со гас на Струмица.

„Ова за СДСМ е поим за транспарентност во работата или како што тие си го нарекуваат „бомбона бизнис“. Сега истите овие самопрогласени експерти од СДСМ манипулираат и обвинуваат за нетранспарентност при процесот на набавка на електрична енергија, во услови кога ЕЛЕМ на дневно ниво ги информира граѓаните за преземените активности.

Затоа неуките експерти на СДСМ тотално промашуваат кога станува збор за вклучувањето на ТЕЦ Неготино. Вистината е дека, според цената на мазутот, таквата струја, произведена на мазут, би била многу поскапа од увезената која е купена на берза. Безобразно е СДСМ да критикува за ТЕЦ Осломеј, кога токму во нивно време, оваа термоелектрана беше оставена без грам јаглен и без било каква можност за ископ на потребните ресурси. За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи за подобрување на енергетската слика на Република Македонија, така и ќе продолжи и во иднина со реализирање на бројните мерки и проекти предвидени со досега најобемната програма Реално“, рече Манчев.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски