Неколку сообраќајки по автотпатот Гостивар-Тетово

Од:

Неколку сообраќајни незгоди, во кои учествувале десетина возила, утрово во периодот од 10 до 11 часот се регистрирани на автопатот Гостивар-Тетово.

Причина за незгодите се густата магла и голомарзицита која е формирана на коловозот.

Според информациите од СВР Тетово најлошо поминал возачот на возило „фолксваген-туарег”, неговата сопруга и малолетно дете. Тие се пренесени во тетовската болница каде се и згрижени.

На овој потег од автопатот имало неколку излетување и едно оштетено возило. Пријавени се уште две сообраќајки во кои според првичните сознанија на полицијата нема повредени ниту жртви. Три возила се оштетени откако по верижниот судар во близина на патарината Желино.

Условите за возење на автопатот Скопје-Гостивар, во полошкиот регион од рано утрово се тешки заради густата магла и мразот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он