Неколку скопски населби и села утре без струја

Од:

Корисниците од село Батинци лоцирани на улиците  „5“, „6“, „7“ и „8“ утре од 7:30 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицита „1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ во село Грчец, дел од село Студеничани, како и улицата „Димче Мечето“ и дел од улицата „Волт Дизни“ во општина Шуто Оризари.

Во период од 10 до 13 часот струја ќе немаат и корисниците од булеварот „Теодосиј Гологанов“ број 193 и 196 во општина Карпош, а од 7 до 07:45 часот корисниците од објектите Оптима, Ролопласт, Феликс, ФудБазар, Чеза Комерц, мотел Белви, насела Белви, Виор Белви, Вичишки, Макпетрол, ДХЛ, Винекс и околните објекти, во општина Илинден.

Од 8 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Перица Савељиќ“ во општина Центар, од 6:20 до 7 часот корисниците од Бела Земја, дел од село Кадино, стопанските објекти Кратер, Бета Шпед, Мак Инвест и дел од село Марино, додека од  8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од стран на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час