Неколку штипски училишта чекаат на реконструкција, со средства од државниот буџет

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска информираше дека во ООУ „Тошо Арсов“ е завршен тендерот од страна на Министерството за образование, каде што треба да се заменат прозорците и вратите, а од страна на родителите имаше и реакции. Тој најави дека наскоро учениците во ООУ „Славејко Арсов“ ќе имаат услови за одржување на настава по физичко во новата спортска сала во текот на зимскиот период.

– Сега тече тендерска постапка околу изградба на нов парен котел и просторија за затоплување на спортската сала. Општината ги обезбеди парите. Што се однесува за изградбата на петте училници во ова училиште имаме реален проблем. Тие се влезени во Програмата на Министерството за образование, но досега нема ни трага ни глас дека тоа ќе се реализира, вели Захариев.

Тој истакна дека очекува и изградба на нова спортска сала во приградската населба Три чешми, а како што вели Захариев веќе и испратил писмо на министерката за образование во кое што образложува дека изградбата на оваа сала е еден од приоритетите. Се уште се чека и на дислокацијата на Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, кое со одлука на Владата треба да се дислоцира во простории кои треба да се изградат во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Зградата на средното текстилно училиште е дадена на Универзитетот „Гоце Делчев“ со обврска Владата да инвестира во нови простории каде што ќе се смести ова училиште.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници