Неколку повредени во сообраќајна несреќа во Автокоманда

Од:

Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили и меѓуградски автобус што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 16:15 минути на Булеварот „Александар Македонски“ и оти поради тоа сообраќајот се пренасочува.
Според очевидци, еден од автомобилите бил многу оштетен, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива забавено.

Полициски екипи се на увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он