Неколку македонски фирми не користеле лиценцирани софтвери

Од:

Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на РМ фати неколку фирми кои не користат лиценцирани софтвери.

На 10.10.2012 година, од страна на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на РМ во содејство со полициски службеници од СВР Куманово и Агенцијата за електронски комуникации, Советот за радиодифузија, УЈП и Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на Куманово извршија контрола во шест геодетски фирми, три кабловски телевизии и аптека.

Во две од геодетските фирми и во аптеката е констатирано дека не користат лиценцирани софтверски програми и од истите се одземени пет куќишта од компјутери, додека во две од кабловските телевизии се изречени глоби за емитување на 12 канали со превод на српски јазик, без да имаат склучени договори за емитување на програми со странски преводи.

По документирање на случајот, против наведените правни лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски