Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Од:

Градоначалничката на Скопје во заминување, Данела Арсовска реагира на средбата меѓу кандидатот за нејзиното место од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и еден од лидерите на ВРЕДИ и нов градоначалник на Чаир, Изет Меџити. Ѓорѓиевски објави фотографија од средбата и напиша дека добил поддршка од Меџити за вториот круг во кој ќе се бори со Амар Мециновиќ од Левица.

– Нека ви се честито дивоградбите. Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека, да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно, не е баш паметно. За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе четири години.

Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.

ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје четири години
ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа
ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН четири години го управуваат ЈСП
ВМРО/ВЛЕН четири години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.
Убаво сте излезени на сликава важно, се вели во објавата на Арсовска.

Би можело да ве интересира

За неколку дена ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот во Скопје

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток и изградбата продолжува со забрзано темпо

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Ѓорѓиевски ги откри имињата на идните директори на јавните претпријатија во Град Скопје

А1он

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он