Премиерот Димитар Ковачевски повторно го пофали претседателот Стево Пендаровски за успешното работење во својот мандат, но не откри дали тој ќе ја добие поддршката и за втор мандат на следните избори во април.
Засега е отпочната номинација за процедура на неколку кандидати кои ќе имаат иста стартна позиција, но не е сигурно дали Пендаровски ќе биде меѓу нив, бидејќи тој неодамна најави дека во првата половина на феврури ќе ја донесе одлуката за кандидирање за втор мандат.
– Не можам да зборувам во име на други политички партии, СДСМ отпочна процедура за номниација на неколку кандидати за претседател на државата и во таа номинација сите имаат иста стартна позиција. Веќе се почнати разговори на ниво на општински раководства и веќе ќе започнат процесите со номинација.
Што се однесува со Пендаровски, јас сум кажал дека успешно го извршуваше својот мандат, се држеше до вредностите за кои се залагаат коалициските партнери кои го поддржаа во неговата кандидатура и сметам дека сите граѓани ги третираше со еднаква почит без разлика на нивната припадност или по било кој основ.
Не можам да прејудицирам кој ќе биде кандидатот затоа што тоа е неетички, неблагодарно и нестатутарно – рече премиерот Ковачевски.