А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Неисправна водата од чешмите од извори во повеќе места во Велес

by А1он25/07/2017 - 15:26119
Share0

Водата во чешмите од изворите на повеќе места во Велес и околината е неисправна за пиење, покажа анализата на Центарот за јавно здравје во Велес.

Добивај вести на вибер

Доктор Снежана Петрова, специјалист по хигиена, апелира до граѓаните водата од овие чешми да не ја користат за пиење.

– Водата во природните чешми во Велес во континуитет е неисправна, но и понатаму има жители кои секојдневно полнат шишиња и туби и пијат од неа. Според сите наши анализи и во последниот месец оваа вода е бактериолошки и хемиски неисправна и не треба да се користи за пиење. Поради тоа и надлежните служби од Општина Велес неодамна на сите природни чешми поставија табли со предупредување дека водата е неисправна за пиење, изјави д-р Петрова.

Исклучок е природната чешма во Башино Село која континуирано во изминатите години, а и според најновите анализи на Центарот за јавно здравје, е бактериолошки и хемиски исправна и може да се користи за пиење.

Докторка Петрова нагласи дека најисправна бактериолошки и хемиски е водата во градскиот водовод од која редовно се земаат примероци за анализа.

Водата во градскиот водовод во Велес доаѓа од реката Тополка преку хидросистемот Лисиче, а освен велешани со неа се снабдуваат и жителите на велешко Горно Оризари и уште неколку помали приградски населби.

velesvoda

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 11:5201/11/2025 - 12:03

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски18/10/2025 - 12:1218/10/2025 - 13:00

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Горан Наумовски10/10/2025 - 13:06

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен