Неисправна е водата за пиење од четири водоводи во селата во Виничко

Од:

Бактериолошка неисправност на водата за пиење во четири села во Виничко покажале испитувањата што ги направиле стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани.

По барање на Општина Виница, во текот на јули и почетокот на август, биле контролирани седум селски водоводи, при што е утврдено дека во селата Виничка Кршла, Трсино, Крушево и Трстија водата не смее да се користи за пиење, готвење или за одржување лична хигиена. Причина за тоа е зголеменото присуство на колиформни и ентеропатогени бактерии ентерококи и ешерихија коли, поради што е побарано локалната самоуправа да го извести населението.

Освен бактериолошка, анализата покажала и физичко-хемиска неисправност на водата во овие четири села, односно зголемено присуство на органски материи.

Како привремена мерка е препорачано населението за пиење да користи пакувана вода, а за другите потреби водата од водоводите да ја преврива.

Испитувањата на локалните водоводи во Драгобраште, Калиманци и Пекљани покажале дека водата е исправна за пиење и од бактериолошки и од физичко-хемиски аспект.

Во писменото известување до локалната самоуправа на Виница од Центарот за јавно здравје нагласуваат дека е потребно локалните водоводи во сите села редовно да се дезинфицираат со резидуален хлор од 0,2 до 0,6 милиграми на литар.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени