Неготино утре без вода поради дефект на главниот цевковод

Од:

Без вода утре од 9 до 20 часот ќе остане градот Неготино поради отстранување на дефект на главниот цевковод, информира денеска Наташа Лазова, директор на неготинското јавно комунално претпријатие.

Таа потсетува дека после интервенцијата, вообичаено за овој период од годината, остануваат редукциите на водата за пиење, дење од 12 до 15 часот и во текот на ноќта од 23 до 05 часот.

-Времетраењето на редукциите може да се продолжи за околу еден час, поради временските услови и големата потрошувачка на вода. Околу педесет проценти имаме зголемување на потрошувачката на вода. И покрај тоа што во функција ни е паралелниот систем за технолошка вода, наменета за дворовите. Сето тоа говори дека има поединци кои нерационално ја трошат водата за пиење, нагласува Лазова.

Соопшти дека во моментов Неготино добива околу 70 литри во секунда вода за пиење, а градот има потреба од минимум 80 литри во секунда.

Од ЈП “Комуналец” апелираат на совесно користење на водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар”, која се носи педестина километри од под планината „Кожуф”.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата

А1он

„Водовод“: Санацијата е при крај, полнењето вода е започнато

А1он

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он

Поголем дел од Скопје без вода

А1он

Рафтовите со вода во макретите се празнат, скопјани се подготуваат за прекинот од петок вечер

Катерина Ѓуровски