Неготино се вклучи во акцијата за чистење на животната средина

Од:

Општина Неготино денеска се вклучи во акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина. Оваа акција е дел од иницијативата на ЗЕЛС за подобрување на животната средина во сите општини.

Неготинскиот градоначалник Тони Делков и вработените во локалната администрација со асистенција на ЈП „Комуналец“ спроведоа заедничка акција за отстранување на сметот и разубавување на градот. Со работна рака и со помош на механизација, од страна на учесниците во акцијата комплетно беше исчистен потегот на булеварот „Маршал Тито“ од двете страни, од Полициската станица до надвозникот и просторот на влезот и излезот на Неготино, делот околу Спортско- рекреативниот центар „Младост“, градскиот кеј, потегот кај бензинската станица и други локации.

Градоначалникот Делков истакна дека ваквите акции му се потребни на Неготино и треба да се одржуваат почесто.

– Со единствена цел, да го разубавиме нашиот град во кој живееме и дејствуваме и да се избориме за почиста животна средина за сегашните и идните генерации во општината, рече Делков.

Тој додаде дека локалната самоупорава во секој момент е подготвена не само да се вклучи во ваквите и слични акции за расчистување на градот, туку и да даде секаков вид поддршка за сите заинтересирани.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко