Неготино без вода до 17 часот поради дефект на главниот цевковод

Од:

Поради голем дефект на главниот цевковод по кој доаѓа вода за пиење од регионалниот водовод Лукар до Неготино, неготинчани денеска ќе бидат без вода до околу 17 часот, информираше денеска Наташа Лазова, директор на неготинското јавно претпријатие „Комуналец“.

– Сериозниот дефект е на разделната шахта од кавадаречкото село Ваташа до Неготино. Наши стручни тимови веќе работат на терен со цел отстранување на дефектот во најбрз можен рок. По неговото санирање, водата повторно ќе протече во чешмите на  неготинските корисници и ќе се стабилизира водоснабдувањето во градот, соопшти Лазова.

Веќе неколку децении Неготино со вода за пиење се снабдува од регионалниот водовод Лукар, која се носи педесетина километри од подножјето на планината Кожуф.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко