Неготинка измамила дваесет лица дека за одредена сума на пари ќе им најде работа во странство, информира денеска СВР Велес.
– Во текот на месецов во Секторот за внатрешни работи Велес примена е писмена пријава во која е наведено дека женско лице од Неготино измамило повеќе од 20 лица, со тоа што за одредена сума на пари им ветувало дека ќе им посредува за работа во странство, изјави портпаролката на СВР Велес.
Се превземаат мерки за расветлување на случајот.