Неготинец нападнал полицајци

Од:

Неготинец на возраст од 31 година нападнал полицајци, откако тие се обиделе да ја легитимираат групата која го нарушувала јавниот ред и мир, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот се случил утрово околу околу 01.30 часот на улицата „1 Мај“ во Неготино.

– При вршење на позорна служба униформирани полициски службеници забележале група на лица кои го нарушувале јавниот ред и мир со викање и откако ги опоменале пристапиле кон нив за да го утврдат нивниот идентитет. Тогаш едно од лицата физички ги нападнало, по што, истиот бил приведен во Полициската станица. Таму било утврдено дека се работи за лицето Г.Д.(31) од Неготино, кој е задржан се до расчистување и документирање на случајот, појасни Додевски.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби