Негативни се резултатите и кај последното лице тестирано за коронавирус

Од:

Министерството за здравство информира дека резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус.

„Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус“, велат од Министерството.

Претходно на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче кажа дека двајца пациенти, еден возач на товорно возило и една жена која допатувала од Рим се негативни на коронавирусот.

Единствената пациентка на Инфективната клиника заразена од коронавирус се чувствува добро и нема критични знаци, но е во изолација, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски