Неформална средба Салиу – Топали

Од:

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Сузана Салиу, денеска имаше средба со претседателката на Собранието на Република Албанија, Јозефина Топали.

Како што соопшти собраниската прес-служба, за време на неформалниот ручек, соговорничките, уште еднаш ја отвориле темата за добрата парламентарна соработка што ја имаат Македонија и Албанија.

Тие разговараа за исклучително важната улога на парламентите во правец на евроинтеграциите, како и за важноста за одржување фер и демократски избори, за севкупниот демократски дух на овие две држави, кога се знае дека и двете се во почетокот на изборниот процес, на локалните избори, кои ќе се одржат во Македонија во март, како и на парламентарните избори во Албанија, предвидени за јуни, се наведува во соопштението.

Салиу и Топали разговарале и за многу други прашања во врска со улогата, одговорностите и предизвиците кои ги чекаат пратениците на овие две собранија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска