Нефи Усеини нема да одговара за нападот на инспектор кој беше набркан од дивоградбата кај Чинарот

Од:

Нефи Усеини, кој е поранешен советник на ДУИ во Општина Охрид, има еден предмет помалку во охридското Обвинителство. По повеќе од години откако инспектор од Управата за културно наследство му поднесе пријава, а полицијата достави известување, обвинителот донесе решение да не покрене обвинение. 39-годишниот инспектор беше спречен да изврши увид во дивоизградениот објект на Усеини кај Чинарот, како и вербално нападнат. Поради ова, Усеини беше гонет за три кривични дела. Обвинителот не спори дека Усеини ги сторил делата, но тврди дека тие не се гонат по службена должност.

„По спроведување на постапката по овој предмет во ОЈО Охрид донесено е решение  со кое е отфрлена кривичната пријава против У. Н. од Охрид за кривични дела спречување службено лице во вршење на службено дејствие, загрозување на сигурноста и фалсификување службена исправа – бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност“, велат од Обвинителството за „А1он“

На оваа одлука, инспекторот може да покрене жалба пред Вишото јавно обвинителство во Битола. Засега нема информација дали тоа го сторил. Инцидентот за кој Усеини нема да биде гонет од обвинител се случи во април 2019 година. Инспекторот беше набркан од дивоградбата, а инцидентот бил пропратен со вербални напади.

Ова е вторпат како Обвинителството не се гони Нефи Усеини со образложение дека делата не се гонат по службена должност. Претходно, беше отфрлена пријава од професорот Илјаз Илјази, инцидент од кој „А1он“ објави видео.

По две години, дивоизградениот објект во склоп на пицеријата „Луна“, сопственост на Нефи Усеини, стои нечепнат. Додека ширум Охрид се уриваат хотели, платформи и објекти на плажи, пицеријата кај Чинарот која беше свечено отворена пречекува, гоштева и испраќа гости.

Против Усеини се водат и други три предмети, а против неговата фирма „Нефи-ИК“ се води еден предмет. Скоро сите предмети за Усеини се во истражна постапка, освен еден за кој има обвинителен предлог. Во тек е и судењето против Усеини за нападот на сограѓанин.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов