Неексплодирана артилериска граната пронајдена во Лешок

Од:

Неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри била пронајдена вчера во непосредна близина на бензинската пумпа во Лешок, на земјоделска парцела што се наоѓа на десната страна од регионалниот пат Тетово – Јажинце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Гранатата околу 15 часот ја пронашол Е.С.(51) од тетовското село Слатино додека со багер изведувал градежни работи на местото.  Тој веднаш го известил сопственикот на градежната фирма по што двајцата го пријавиле случајот во полиција.

– Извршен е комплетен увид со учество и на претставници од Дирекцијата за заштита и спасување. Местото и гранатата се фотодокументирани по што експлозивното средство е подигнато и безбедно транспортирано за натамошна постапка односно уништување. Гранатата била значително корозирана, без видливи ознаки и се претпоставува дека потекнува од постаро време, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци