Недостиг на социјални работници во Прилеп

Од:

Во прилепскиот Центар за социјална работа постои недостиг на социјални работници. Како што изјавуваат оттаму, според Правилникот за систематизација на работните места по правило би требалода работат 52 вработени.Во моментов во Центарот работат 40, а од ноември бројот на вработени повторно ќе биде намален, бидејќи тројца вработени се пензионираат.

Според директорката Снежана Јованоска. како што добиваат одговор од надлежното министерство,проблемот ќе се решава со адекватни нови вработувања.

Притоа, од Центарот истакнуваат дека работат со чувствителна категорија граѓани и токму поради недостигот на вработени се јавуваат одредени незадоволства и реакции кај граѓаните.Во Центарот за социјална работа во моментов право на социјална заштита остваруваат над 2100 граѓани по различни основи,а воедно Центарот е одговорен и заопштините Кривогаштани и Долнени.

А.Ш.

 

 

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена