Неделковски повикан во полициска станица во петок

Од:

Водителот Миленко Неделковски е повикан во петок да отиде во полициска станица откако новинарката Мери Јордановска го пријави за сексуално вознемирување.

Тој треба да се јави на разговор, и да се изјасни дали е негова страната на Фејсбук на која поставува слики на Јордановска и под кои пишува вулгарни и недолични коментари. Доколку е негова страната, ќе биде предупреден. Доколку негира, тогаш за брзо ќе се утврди кој ја поседува и од која адреса се поставувани слики на новинарката.

Пред извесно време на страната за Неделковски на Фејсбук, за Албанците беа напишани навредливи зборови, но откако имаше реакции следниот ден, на лош албански јазик, преведен од македонски на „Google translate“ се појави Африм од Џепчиште кој тврдеше дека е негова страната. Неделковски негираше дека има некаква врска со напишаното.

Јордановска случајот со навредите и вулгарните коментари и преземените слики без дозвола го пријавила и во Агенција за заштита на личните податоци, од каде до Централата на Фејбук испратиле барање да се отстранат сите слики на Јорданоска.

Претходно за Неделковски реагираше и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници кои побараа од надлежните институции да преземат се да биде санкционирано ваквото однесување на водителот.

На страната на Миленко Неделсковски на Фејсбук која има 5000 членови секојдневно се поставуваат слики и погрдни зборови, етикети и навреди за сите, најчесто новинари кои пишувале против него и политичари претежно од опозицијата.

Јордановска е една од почестите мети на оваа страна, но беше мета и во неговата емисија која се емитува на Канал5. Ова е видеото кое Јордановска го има снимено во Кавадарци во 2010. година кога жителите со погрдни извици го избркаа Неделковски од плоштадот.

Би можело да ве интересира

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он