(ВИДЕО) Неделков од Куманово: Ќе продолжиме со штрајкот, до 24 часот чекаме прифатливо решение

Од:

Основните и средните училишта од Куманово денеска стапија во генералниот штрајк, но не и училиштата во Старо Нагоричане.

Како што информираше претседателот на регионалниот просветен синдикат, Селјадин Дестани сите училишта од градот, градинките но и неколку културни институции се обединети и започнаа со штрајкот.

Тој наведе дека наставниците се на своите работни места, но нема да држат настава поради што и дел од учениците кои што утрово дошле, се вратени дома.

Кумановското економско училиште „Перо Наков“ денеска го посети претседателот на СОНК, Јаким Неделков кој одржа состанок со своите колеги од регионалниот просветен синдикат и со наставниците. Тој го смета за успешен почетокот на штрајкот, бидејќи во најголем дел од државата се почитува одлуката и се штрајкува.

sonkStrajk

-На национално ниво сите наши синдикални организации се влезени во штрајк, има одредени наши членови кои вршат опструкција на генералниот штрајк но тоа е во многу мал број-изјави тој.

Неделков нагласи дека штрајкот ќе трае онолку колку што е потребно и дека тоа зависи од ресорните министерства. Претседателот на СОНК нагласи дека имаат информации за притисоци до директорите, бидејќи наводно се бара да се направи список на оние работници кои штрајкуваат.

sonkStrajk1

-Сите кои што ќе почувствуваат дека на било каков начин се врши притисок врз нив тоа да го евидентираат документираат. Ние ќе преземеме активности за покренување на судски постапки против секој кој ќе се обиде да го попречи организирањето и делувањето на синдикатот, како и спроведувањето на генералниот штрајк-наведе тој и додаде дека до 24 часот ќе чекаат да добијат прифатливо решение од министерството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март