Неделен возен ред на Духовден, Жичарницата ќе работи вообичаено

Од:

ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Духовден, утре, петок (02.06.2023 год) и во сабота (3.6.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (4.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре, петок (2.06.2023 год), во сабота (3.06.2023 год) и во недела (4.06.2023 год), на линиите 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Утре, петок (2.6.2023 год) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота (03.06.2023 год) ќе имаат редовно работно време.

Жичарницата утре, петок (2.6.2023 год) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели