Неделата за грижа на стари лица одбележана во Велес

Од:

Под мотото „Сите сме нивни деца“ Општина Велес, Советот на млади и Здружението на пензионери ја одбележаа Неделата за грижа на стари лица.

Нивни претставници денеска имаа средба со стари лица во велешките села Кумарино, Отовица и Сујаклари и им поделија хуманитарни пакети со прехранбени производи.

Посетата во селото Отовица беше реализирана во Клубот на пензионери кој годинава беше реновиран, а во селата Кумарино и Сујаклари старите лица беа посетени во нивните домови.

При посетата беше и велешкиот градоначалник Славчо Чадиев кој ги сослуша и разговараше за нивните потреби и барања.

Во изјава за медиумите Чадиев истакна дека хуманитарната помош е симболична, но она што е поважно е да се испрати пораката дека треба да се грижиме за старите лица.

– Впрочем, и мотото на акцијата „Сите сме нивни деца“ го покажува тоа. Едноставно е потребно да им ја вратиме грижата која тие ни ја давале. Ние како Општина Велес имаме и проект за активно стареење, со кој ја промовираме меѓугенерациската соработка, рече Чадиев.

Организаторите најавија дека вакви посети на стари лица во велешките села ќе имаат континуирано и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

А1он

Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството

Ана Ололовска

Недела на грижа за стари лица

Ана Ололовска

Доделување сертификати за негувателки на стари и немоќни лица

Ана Ололовска

Саити: До 2050 во Македонија стари ќе бидат 33 проценти од населението

Ана Ололовска