Недела против лажни вести

Од:

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од денеска до 18-ти овој месец ја одбележува Неделата против лажни вести.

Целта е да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата што лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество.

-Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд лажни вести и манипулации, што некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат, вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.

Преку Неделата против лажните вести се сака да се отворат овие прашања, да им се понудат на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат.“

Во рамките на Неделата против лажните вести, денеска, утре и на 15 ноември ИКС ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери и ќе им понуди на учесниците алатки за полесно да ги препознаат лажните вести.

На 14 ноември предвиден е онлајн семинарот „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ со новинарката Кристина Озимец, а во вечерниот термин во кафулето „Концепт 37“ ќе дебатираат Сашо Ордановски, Милка Смилевска и Сеад Џигал, како да се справиме со дезинформациите и лажните вести во медиумите.

Неделата ќе приврши со вебинарот „Зошто е важна медиумската писменост?“ на 16 ноември.

Во рамки на Неделата против лажни вести ќе бидат промовирани четири едукативни видеа што ИКС ги подготви како дел од оваа кампања, како и неколку квизови на кои сите заинтересирани ќе можат да си ги проверат сопствените медиумски познавања, а ќе има можност и за прашања од граѓаните на кои ќе одговараат експерти од медиумските институции и организации од земјата.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

ВИДЕО: Кукла Робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски