Недела на енергетика „Македонија 2014“

Од:

Во рамки на Неделата на енергетика денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје на граѓаните им беа делени брошури и флаери со теми поврзани со ефикасното искористување на енергетските ресурси и правилното третирање на отпадот.

В понеделник на 29 септември во 10 часот во детската градинка „Срничка-Лале“ во општина Аеродром ќе биде организирана работилница на тема „Рационално користење на енергијата и отпадот како ресурс“.

Неделата на енергетика „Македонија 2014“ продолжува во вторник 30-ти септември, во Салата на советот на Град Скопје, во 10 часот, кога ќе се одржи завршниот настан, односно конференцијата „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“.

Манифестацијата Недела на енергетика „Македонија 2014“ годинава се одржува по десетти пат, а ја организираат МАЦЕФ-Македонски центар за енергетска ефикасност и Инфо-центарот за енергетска ефикасност на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика

За евтина струја додека трае вонредната состојба регулаторите очекуваат анализи од енергетските компании

Маја Илиевска-Пачемска