Здружението на новинари на Македонија ги додели годинешните награди за 2022 година. Редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ ја доби наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за документарецот „Нечиста крв“ – за начинот на кој се третирале пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“ во време на ковид – 19 кризата.
Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење ја доби Аднан Ќаили од ТВ Алсат М.
Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби новинарот Драган Ѓоргоски.
На конкурсот за годишни награди на ЗНМ пристигнаа 42 апликации во трите категории, што според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски е показател дека има многу стории и приказни кои чекаат да бидат објавени.
Поради големиот број на квалитетни стории, ЗНМ одлучи да додели и четири признанија и една плакета за особен придонес во професионалното новинарство.