Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Од:

Директорот на Агенцијата за конфискуван имот, Дритон Небиу, информира дека вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот што сега е ставен на аукција.

Тој на денешната прес-конференција која се одржа во Агенцијата посочи дека станува збор за имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и котраразузнавање, Сашо Мијалков, одземен од државата по спроведувањето на правосилната пресуда во предметот „Империја“.

-Јавноста треба да биде информирана во врска со вознемирувањето и обидите за попречување на продажбите на конфискуваниот имот чија продажба Агенцијата ја извршува согласно донесените правосилни пресуди и одлуки донесени од Владата. Апелирам дека нема место за стравување и нема да дозволам да се попречи извршувањето на ниту еден предмет за кој е донесена правосилна судска одлука. Воедно ја охрабрувам јавноста да аплицира на секоја продажба која ја објавува Агенцијата, бидејќи законот е подеднакво важен за сите и ќе се применува за секое име и презиме, обидот да не заплашите е на погрешна адреса ништо не да не заплаши и не застануваме додека правдата не дојде на свое место, изјави Небиу.

Тој не откри детали околу заканите, но посочи ситуација во која и вработените и заинтересирани граѓани за купување на имотот се соочиле со директни закани.

-Ние имаме псоебен ден во кој сите побарувачи можат да дојдат и да видат за каков стан и објект станува збор и во тој ден биле присутни сопственици кои кажале зборови, од типот „вие нема да купувате ништо тоа е наш имот“, и кон клиентите и кон вработените упатиле пораки дека нема да го дадат имотот, појасни тој.

Информира дека случајот е пријавен во полиција и дека нема да дозволи никој да го попречи извршување на ниту еден предмет за кој е донесена правосилна пресуда.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение