А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Не се почитува самоизолацијата: Кривични пријави за граѓани од Кочани, Струмица, Валандово и Кавадарци

by А1он19/03/2020 - 16:35467
Share0

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Д.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член 206 став 1 од КЗ. Пријавениот, на 18.03.2020 година, го напуштил домот во Кочани, каде што бил во самоизолација поради епидемија, иако претходниот ден на 17.03.2020 година, при враќање од земја определена како средноризична за корона вирусот Kовид-19 од СЗO, своерачно потполнил и потпишал Изјава за самоизолација во траење од 14 денови во неговиот дом. Со напуштањето на домот и самоизолацијата, кој бил должен да ги извршува, пријавениот не постапил според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест, односно не постапил согласно мерките и препораките на Владата на РСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Р.(23) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 03.03.2020 излегол од својот дом на ул.„Ванчо Прќе“ во Струмица, непочитувајќи ги прописите и наредбите дадени од страна на Министерсто за здравство, со што го зголемил ризикот за евентуално пренесување на заразна болест.

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Н.К.(49) и Е.К.(48) двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.03.2020 пријавените оствариле влез во Р.С.Македонија на Меѓународниот аеродром во Скопје, доаѓајќи од Хановер, Р.Германија и во периодот од 14.03.2020 до 17.03.2020, за време на прогласена епидемија на вирусот корона Kовид-19, не постапувале и не се придржувале согласно донесената Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Ковид-19.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против седум лица, и тоа М.С.(43), Г.П.(29), Б.С. (52), Љ.Ц.(59), сите од Кавадарци, И.П.(56) и П.А.(49) од с.Ваташа, како и П.Т.(29), од с.Марена, кавадаречко, сите поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 во 15.30 часот, на ул.„Ц.П.Ристов“ во Кавадарци, во домот на М.С., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 17 март 2020 во 15,30 часот, на ул.„К.Крстев“ во Кавадарци, во домот на Г.П., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 16 часот, на ул.„С.Пинџур“ во Кавадарци, во домот на Б.С., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, истиот не се придржувал на изречените мерки, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 18.25 часот, на ул.„Шишка“ во Кавадарци, во домот на Љ.Ц., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, истиот не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 18.40 часот, на ул.„Илчо Димов“ во Кавадарци, во домот на И.П., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 16.10 часот, на ул.„Блажо Ицев“ во Кавадарци, во домот на П.А., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

На 17 март 2020 во 18:40 часот, на ул.„Маршал Тито“ во село Марена, во домот на П.Т., при проверка од полициски службеници, било констатирано дека тој, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмената наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

Од 15 март 2020 до денеска, во врска со непочитување на мерките, односно здравствените прописи за епидемијата Ковид – 19, од сите Сектори за внатрешни работи поднесени се 24 кривични пријави, при што кривично се пријавени вкупно 29 лица. Од нив, 28 лица се пријавени по член 206 од Кривичниот законик, а едно лице е пријавено по член 205 од Кривичниот законик.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео