Не се гледа светло на крајот од тунелот во комисијата

Од:

Ништо ново во Комисијата за труд и социјална политика. Талат Џафери  продолжува со маратонското ораторство, чита Устав, Охридски договор, закони , и се, како што вели , за да го блокира носењето на Законот за бранители на нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Атмосферата ја дополнуваат и низата процедурални забелешки на пратениците на ДУИ, кои бараат да не работи комисијата, кога има пленарна седница.

СДСМ предложи, во интерес на ефикасноста и за да не се трошат залудно народни пари, дискусиите да се ограничат на 10 минути, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ова не го прифатија.

Веќе трета недела трае седницата, и без  надеж дека е можен епилог. Талат Џафери дискусиите ги надоградува и со молчење.

За ВМРО-ДПМНЕ, тоа е деловничко право, а за опозицијата смислено сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, законот да не дојде на пленарна седница, а и едните и другите да го билдаат сопствениот рејтинг.

 

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он