ВИДЕО: Не поминаа измените на Законот за медиуми

Од:

Мнозинството пратеници, денеска го отфрлија предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, кој беше поднесен од опозициската СДСМ на барање на новинарските здруженија и организации.

Со овие измени се требаше да се направат реформи во Програмскиот совет на МРТ и во Советот на Агенцијата за медиуми. Измениоте предвивдуваа и укинување на радиодифузната такса и целосно финасирање на МРТ од буџетот.

-Беше дадена една иницијатива која пратениците од опозицијата ја преточија во предлог-закон. Со овој Закон сметаме дека ќе се направи целосна департизација за медиуми, рече Горан Сугарески од СДСМ

Во март, предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни до Собранранието го доставија пет новинарски и медиумски организации: ЗНМ, ССНМ, СЕМ, МИМ и ИКC.

Предлогот е истиот како тој на европскиот медијатор Питер Ван Хауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции