Нè очекува епидемија на хронични заболувања и ментални болести, предупредува професорот Даниловски

Од:

Пандемијата покажа дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, а поради ограничувањето на здравсвениот систесм и неговото насочување првенствено кон лекување ковид – пациенти, допрва ќе следи нова епидемија, рече професорот Драган Даниловски на овонеделната онлајн дискусија за размена на сознанија и искуства во лекувањето на Ковид – 19 организирана од Лекарската комора на Македонија. Даниловски смета дека локдаунот на здравствениот систем и сторнирањето на сите елективни здравствени услуги го искомпромитира неговото функционирањето за целата друга патологија, освен за ковид-19.

„Последиците на тоа ќе ги видиме во некое друго време, а веројатно не очекува втора епидемија на хронични заболувања и ментални проблеми“, рече професорот Даниловски.

Тој укажа и на нездравиот начин на исхрана кај луѓето за кој смета дека и пред пандемијата бил втора глобална водечка причина за лошо глобално здравје и за смртност во светот.

„За време на пандемијата се покажа дека оваа лоша подлога на здравјето директно влијае врз тежината на болеста и исходот од лекувањето на Ковид-19. Дебелината, кардиоваскуларните болести, дијабетесот, хипертензијата, значително го зголемуваат ризикот од компликации од вирусот. Тоа ни укажува дека имаме популација со многу здравствени проблеми и треба сериозно да се замислиме како ќе се справиме со тој начин на живот. Загрижува и фактот што живееме во пандемија на физичка неактивност, секој трет граѓанин се соочува со прекумерна телесна тежина, секое второ машко дете во основно образование е прекумерно тешко, а дури 20 отсто од овие деца се дебели. Имаме 400.000 дијабетичари, 100.000 пациенти со бронхијална астма и сите овие бројки се на население од околу 1,6 милиони жители. Многу нешта треба да нè поттикнат да размислиме по кој пат треба општеството и сите ние да тргнеме“, рече професорот Даниловски.

За излез од ваквата состојба, Даниловски смета дека треба да се овозможат промени кои ќе донесат на функции лидери обучени да носат одлуки познавајќи ја комплексната интеракцијата на сите општествени системи. Тоа треба да бидат експерти кои ќе умеат да ја одржат комуникацијата меѓу системите и ќе нудат експертски елементи на политичарите кои носат одлуки за да можат да донесат информирана одлука во врска со различни политики.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува наместо да опаѓа?

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември