Не е задолжителен тест за Ковид-19 за крводарителите, утрово 70 лица дарувале крв во Дом на АРМ

Од:

70 лица утрово дарувале крв во Дом на АРМ во рамки на традиционалната крводарителска акција која истовремено се одвива и на пункт на Матка. Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина вели дека тестирање за Ковид – 19 не е задолжително пред дарувањето крв.

„Крводарителите не ги тестираме затоа што сметаме дека тоа е дополнително оптоварување. Доволно е само тие да се чувствуваат здрави. Апелирам крводарителите да не се плашат од пандемијата. При дарувањето се одржуваат сите протоколи, сите мора да носат маски, се одржува растојание од два метра, се прави дезинфекција на раце, а дополнително ние имаме и прашалник за сите крводарители во кој треба да наведат дали имале контакт со некој заболен, дали патувале во странство. Оние кои имале контакт или патувале во странство треба да направат пауза пред да даруваат крв“, вели Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина.

Меѓу крводарителите побројни се мажите, па Димитриевски ги охрабри жените да даруваат крв и да ја стигнат по бројност групата на мажите.

Крводарителската акција за празникот Голема Богородица е 18 по ред.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски