Не е забрането да се внесе боја за коса, тврдат надлежните откако Боки 13 се појави исфарбан на распит

Од:

Кој ја фарба косата на Бојан Јовановски – Боки 13 во затворот во Шуто Оризари, е дилемата што се отвори на социјалните мрежи, откако тој утринава се појави со исфарбана коса на распит во обвинителството. На коментарите од типот дека постои сомнеж дека некој му помогнал на Јовановски да внесе нелагално хемикалии во затворот, надлежните велат дека тој има право да се грижи за својот изглед и хигиена и во вакви услови. Директорот на управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ, вели дека нема ништо спорно во тоа да се внесуваат бои за коса во затворот, како дел од приборот за лична хигиена.

„Ако нешто претставува ризик по здравјето на притвореникот или затвореникот тогаш тоа се прави под надзор“, вели Стојановиќ.

Од затворската управа на Шуто Оризари не сакаа да коментираат за тоа кој се погрижил за фризурата на Јовановски , велат дека ваквите коментари се неиздржани и некоректни.

„Не знам од каде ви доаѓаат вакви прашања. Како се фарбаат жените во затвор, сте се прашале ли? Се мајтапите со државата, има многу поважни работи за кои треба да се пишува, а вие за косата на Боки се фативте. Ве упатувам да ви одговори тој што објавил, има тој искуство од затвор, нека каже кога престојувал кој го фарбал и средувал“, вели директорот на затворот во Шуто Оризари“, Есад Рахиќ.

Инаку, Бојан Јовановски веќе трет месец е во притвор во затворот во Шуто Оризари и досега јавно се пожали на лошиот однос на чуварите во затворот, кои го исмејувале поради здравствениот проблем со желудникот по двете извршени интервенции за слабеење. Во неколку наврати бараше и му беше укажана лекарска помош од затворските лекар, а исто така беше носен на преглед на клиниките во Скопје.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески