А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Не е на НАТО да го коментира исходот од референдумот, вели заменичката на Столтенберг

by А1он10/07/2018 - 12:55229
Share0

„Не е на НАТО да го коментира исходот од референдумот”, рече во краткото интервју за „Макфакс”, заменичката на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Роуз Готемолер пред почетокот на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел.

Добивај вести на вибер

„Испраќаме порака на охрабрување. ПЈРМ е на прагот да биде побезбедна и постабилна”, изјави Готемолер.

„Очекуваме да седнете на масата на НАТО во најскоро време”, додаде заменичката на генералниот секретар, која за себе вели дека е ветеран за ратификација на договори.

„Следува тешка работа да ги убедам сенаторите”, рече Готемолер.

На прашање на „Макфакс”, дали е некаква порака тоа што македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов не присуствува на Самитот на НАТО, рече:

„Има различни аранжмани кој ги претставува државите. Тоа е до вашата Влада”.

Готемолер изјави дека никогаш не била во Македонија.

„Ова е историски момент за вас, но е важен и за НАТО од аспект на зајакнување на стабилноста и сигурноста на Западен Балкан”, потенцира Готемолер.

„Малку сум му љубоморна на Столтенберг бидејќи веќе ја посетил Македонија. Тој е воодушевен од вашата земја”, вели Готемолер и додаде дека едвај чека да ја дојде во Македонија.

Васко Маглешов

nato

Би можело да ве интересира

Захарова: Присуството на НАТО на Арктикот е провокација

Горан Наумовски15/01/2026 - 19:25

Данска: Одбраната на Гренланд е заедничка одговорност на НАТО

Горан Наумовски15/01/2026 - 19:25

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он12/01/2026 - 16:3012/01/2026 - 16:11

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 17:1009/01/2026 - 17:38

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:2722/12/2025 - 11:44

Руте: Три земји-членки на Алијансата не даваат согласност за членство на Украина во НАТО

Горан Наумовски18/12/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен