НДП: Политички реваншизам врз албанските професори во Гостивар

Од:

Класичен политички реваншизам е одлуката налокалната власт во Гостивар, која во изминатите неколку месеци неаргументирано од работа отстрани над 140 професори од гостиварските основни и средни училишта, обвинуваат од партијата на Руфи Османи НДП.

„Посебноста на овој потег на гостиварскиот Асад, алијас Невзат Бејта, е фактот дека во процесот на  отстранување од работа не се почитува ниту еден етички, социјален, законски, педагошки и човечки критериум.Во низата отстранети професори постојат  кадри со многу високи работни резулти во образованието и имаат работно искуство од 5 години и решенија за постојан работен однос. Само во текот на минатиот месец без законска основа беа отпуштени 12 вработени во општинската администрација”, изјави на прес-конференцијата пратеникот Наџи Џелили.

Тој истакнува дека посебноста на оваа политика одлука е што сите оштетени лица се исклучиво од албанска националност.

Градоначалникот Бејта ги демантира овие обвинувања, убедувајќи дека не станува збор за политички мотивирана одлука и не постои никаков политички реваншизам како што обвинуваат од седиштето на НДП.

Од партијата на поранешниот гостиварски градоначалник Руфи Османи рекоа дека за последните случувања во локалната самоуправа ќе ги известат дипломатските претставници во земјава и ќе иницираат формирање на независна комисија, која ќе ги решава прашањата поврзани со овие случувања.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента