НДП обвинува за отпуштања во Гостивар

Од:

Националната демократска преродба денеска ја обвини локалната самоуправа за отпуштањата на 90 лица вработени во училиштата во Гостивар.

– Наместо професорите и учениците успешно да си ја пoчнат учебната година, се случи незаконска и непедагошка интервенција од страна на нелегитимната општинска власт во секторот образование, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од Националната демократска преродба Наџи Џелили.

Според него, од политички реваншизам пред време раскинати се договорите со 70 превозници на ученици, а од ЈП „Комуналец“ се отпуштени над сто лица. Со тоа, како што рече, е загрозена егзистенцијата на повеќе од петстотини лица.

Џелили постапките на гостиваркисот градоначалник Невзат Бејта ги оцени како одмазнички и насочени кон неговите политички противници. Најави дека оваа ситуација ќе ја изложи како пратеничко прашање до министрите за образование и за труд и социјална политика и додаде оти заштита ќе бара и од  дипломатскиот кор во земјата.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар