НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Од:

„Народно движење за Македонија ги поздравува актуелните акциски контроли на МВР во големиот број на угостителските објекти низ државата.

Меѓутоа, останува нејасно зошто МВР одбра да крие од јавноста за запленетата дрога кај младата популација во дискотека во Градскиот трговски центар во Скопје.

Имено, откако големиот број млади гости во дискотеката ја виделе полицијата, а со цел да не бидат откриени, започнале масовно по подиумот да фрлаат мали кесиња од џебовите и притоа полицијата собрала дури 2,5 килограми наркотична дрога.

Ова е крајно загрижувачки податок, бидејќи упатува на голема зависност на младите луѓе во земјата од наркотични супстанци.

МВР не треба го крие овој податок, туку, напротив, потребно е обелоденување во јавноста, бидејќи, во таков случај многу е веројатна соодветна реакција на отворена сцена од бројни социјални, социолошки, психијатриски, образовни… стручни лица за запознавање на младата популација што се случува со нивниот организам од консумирањето на наркотична дрога, што севкупно, таквата кампања против дрогата би била од поголем корист отколку да се кријат проблемите како во случајот со МВР“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он