НДМ: Согласни сме ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да ја процесуира нашата иницијатива за амнестија на уставобранителите

Од:

„Народно движење за Македонија ja поздравува најавената амнестија на голем број затвореници поради лошите услови во затворите, ресоцијализација и финансиско растеретување на Буџетот во однос на издржувањето на затворската популација.

Истовремено, НДМ ја поздравува заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија и на учесниците во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Меѓутоа, ги потсетуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека НДМ во август годинава веќе достави до нив целосно изготвен законски текст за амнестија на уставобранителите од 27 април, откако претходно Талат Џафери на три пати ни ги враќаше материјалите поради неговата лична суета и нервоза оти во законодавната иницијатива на НДМ за амнестија на уставобранителите стоеше фуснота во која се вели дека НДМ не го признава Талат Џафери за претседател на Собранието се до уставната оценка на одлуката за негов избор од страна на Уставниот суд.

Затоа, согласни сме ВМРО-ДПМНЕ на наредната собраниска седница закажана за 9 јануари 2018 во свое име да ја процесуира нашата законодавна иницијатива за амнестија на уставобранителите од 27 април“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ