НДМ: Премиерот Заев да работи за сите граѓани во Тетово

Од:

„Народно движење за Македонија ја поздравува брзата интервенција на премиерот Зоран Заев и градоначалничката на Тетово Теута Арифи за решавање на пробемот со поплавите во Порој, Тетовско.

Меѓутоа, НДМ очекува премиерот Заев со истата посветеност да се заложи и за решавање на проблемот на Македонците во Тетово.

Затоа, НДМ го повикува премиерот Заев веднаш да побара од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи да ги дозволи проектите од интерес за Македонците во Тетово и тоа: да се дозволи изградба на новата црква во Тетово, да се дозволи изградба на православните гробишта и капелата во Тетово, улиците со месеци седат недоизградени, запустен е делот кај месноста Два Бреста каде живеат претежно Македонци, нема доволно вода за пиење во деловите во Тетово со претежно македонско население…

НДМ потсетува дека овие проекти од интерес за Македонците со години се заклучени во фиоката на Теута Арифи.

НДМ повикува на запирање на опасната тенденција Македонците во Тетово се повеќе да се третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава што ја промовира градоначалничката на Тетово, Теута Арифи“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски