НДМ: Новокомпонираното ВМРО-ДПМНЕ мора да е во очај што се служи со трикови за божемни протести

Од:

„Народно движење за Македонија ја сожалува некогашната моќна партија ВМРО-ДПМНЕ што вчера се доведе во ситуација да се служи со маркетиншки трикови и лажно силење во јавноста со наводното организирање на протест пред владата.

ВМРО-ДПМНЕ мора да е во очај што преку партиското гласило Курир се обиде да конструира божемен протест во врска со притворот на Едмонд Темелко.

Така, Курир вчера во 10:39 пишува дека е продолжен притворот за уште 30 дена за Едмонд Темелко, во 11:22 дека ВМРО-ДПМНЕ прави протест во 19 часот пред Владата, во 12:50 дека Темелко излегува од Шутка оти судот донел одлука за куќен притвор и финално во 16:43 Курир напишa за големата победа на ВМРО-ДПМНЕ оти Темелко излегува од Шутка по најаваta за протест и дека протестот се откажува!

Меѓутоа, вистината е поинаква. Наводниот протест на ВМРО-ДПМНЕ требало да им послужи пред народот дека власта ептен се потресе од најавата за протест. ВМРО-ДПМНЕ преку свои извори во судството уште вчера наутро дознале за одлуката за пуштање на Темелко од Шутка. Но, Курир во јавноста напиша лага дека е продолжен притворот па ја налепија приказната за „храбрата„ одлука на ДПМНЕ за протест за ослободување на Темелко, па откажувањето на протестот оти судот го пуштил Темелко од Шутка иако за судската одлука за излегување на Темелко од Шутка во ВМРО-ДПМНЕ знаеле уште од вчера сабајле.

Ја користиме приликата да ги потсетиме во новокомпонираното ВМРО-ДПМНЕ дека доколку старите вмровци-ветерани во 1990-та така калкулираа и правеа евтини финти и маркетиншки трикови, прашање е дали ќе дојдеше до остварување на идејата!“, се вели во соопштението на НДМ

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ