НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Од:

„Народно движење за Македонија го осудува кршењето на Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на Обединетите нации од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, во врска со неговите предлози за спорот за името.

Според резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН, Метју Нимиц нема мандат да дава предлози, бидејќи е овластен за давање на „добри услуги“, што подразбира дека Нимиц нема право да наметнува формални предлози за решавање на спорот со името туку, треба да дејствува незаинтересирано пренесувајќи ги на одвоени средби, ставоите и предлозите на едната од другата спротиставена страна во обидот да ги доведе страните во контакт со цел воспоставување на директни преговори.

Оттука, меѓународно-правно опсервирано предлозите на Метју Нимиц се правно неважечки поради кршење на Резолуцијата 817 од 7 април 1993 со која Советот за безбедност на ОН препорача прием на Македонија во Обединетите нации.

Меѓутоа, кршењето на Резолуцијата 817 од Нимиц и не е најбитно во случајот.

За НДМ и народот е најбитно дека се созреани условите за радикален надворешно-политички пресврт во македонската политика и Македонија најпосле да се охрабри и спорот за името од политичко-дипломатскиот терен да го префрли на правниот терен земајќи предвид дека според меѓународното општо право и правото на Обединетите нации, на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно – признати механизми за употреба на името – Република Македонија во Организацијата на Обединетите нации“, се вели во соопштението на Јанко Бачев.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска

НДМ: Министерката Треневска да поднесе оставка заради заштита на личниот и професорскиот дигнитет

Ана Ололовска