НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Од:

„Народно движење за Македонија ја споделува загриженоста со народот од утрешниот ден, кој е еден од деновите каде македонскиот народ на едно место ќе ги гледа подржувачите на НАТО и ЕУ, односно, подржувачите за промена на вековното македонско име, а по повод обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието.

Всушност, утре во Собранието ќе ги гледаме партиите за кои често велиме дека се позиција и опозиција, а во суштина се дел од едноумието НАТО и ЕУ наречено „нема алтернатива“.

Оттука, за жал, уште еднаш ќе ги гледаме сплотени како му аплуадираат на Столтенберг, партиите: потписници на капитулантскиот рамковен договор, учеснички во фалсификатот на пописот, кои заедно ја одработија територијалната поделба, донесоа употреба на јазикот на малцинството во државните институции и кои на патот кон НАТО и ЕУ ја урнаа АСНОМ-ска Македонија делото на генерации Македонци од дедо комита до татко и син партизан.

Меѓутоа, утре е денот и кога народот треба да одлучи дали сака да се понижи и самоукине или да почне да креира за себе, за идните генерации со почитување на идеалите на ВМРО, на партизаните, идеали кои ја кренаа Македонија после 2000 години робства и уништувања.

На крај, утре е денот кога Македонија и Македонците треба да си го постават прашањето, што направивме во овие 27 години на патот кон таканаречениот безалтернативен НАТО и ЕУ ?

Од друга страна, НДМ ќе го продолжи патот на кој нема да се преговара за името и идентитет, туку истите ќе се почитуваат, ќе се вратат идеалите на АСНОМ, на ВМРО, на праведните и чесните Македонци.

НДМ и народот заедно, гордо, ќе ја исправат Татковината, како што доликува на Македонија, која, прва имаше илјадагодишна античка држава, која ги даде Филип и Александар, Управда Петруш-Јустинијан, Светите Кирил и Методиј со Климент и Наум и првиот светиклиментов универзитет во Европа со 3000 ученици, кирилицата на своите браќа Словените, ја ширеше верата преку апостолската Охридска црква наследник на Јистинијана Прима, која секогаш е напред со своите светли идеали за соработка и културен натпревар меѓу народите.

Затоа, НДМ им порачува на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и истовремено му порачува и на Јан Столтенбер да им пренесе на НАТО и ЕУ: Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина