НДМ: Ги потсетуваме од ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието веќе има готов законски текст за амнестија, се бара само акција

Од:

„Народно движење за Македонија ја поздравува вчерашната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на граѓаните учесници во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија бидејќи претставува своевидна подршка на предлог-законот на НДМ за амнестија, поднесен во Собранието уште на 21 мај годинава.

Да потсетиме, Талат Џафери спротивно на Уставот и Деловникот три пати ги враќа материјалите и ја спречува законодавната иницијатива на НДМ за амнестија поради негова лична суета, односно поради фуснотата во поднесокот во која се вели дека НДМ не го признава изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието се до уставната оценка за негов избор од страна на Уставниот суд, иако личната суета не е пропишана како причина во Деловникот на Собранието за кочење на законодавните иницијативи.

Како и да е, најбитно е да ги потсетиме колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието веќе има готов текст на НДМ за закон за амнестија, кој, на 11 август годинава е доставен и до сите дест пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на наредната собраниска седница како овластени предлагачи да го процесуираат предлог-законот на НДМ за амнестија на граѓаните учесници во настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски