НБРМ и вработени донираа новогодишни пакетчиња за деца со посебни потреби

Од:

По повод Новата 2013 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија,  Димитар Богов, заедно со раководството и претставници од Синдикалната организација при НБРМ, денеска го посети Посебното основно училиште за ученици со посебни образовни потреби со интелектуални и комбинирани пречки во развојот „Иднина“ Скопје, каде што им беа доделени новогодишни пакетчиња на децата од училиштето и на децата од подрачните паралелки во Скопје.

Новогодишни пакетчиња беа доделени и во  Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, која е јавна установа од социјална заштита за дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование и здравствена заштита на лица со умерени, тешки и комбинирани пречки во интелектуалниот развој, како и деца без родителска и старателска грижа. Покрај новогодишни пакетчиња, беше доставена и облека што ја донираа вработените од Народната банка во соработка со Синдикалната организација при НБРМ.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска